Во организација на Факултетот за туризам и угостителство, наредните три дена во Охрид ќе се одржи 11- та по ред Меѓународна конференција “Услужниот сектор во услови на променливо опкружување”.

Темите на кои ќе разговараат учесниците-  професорите од факултетот, како и големиот број гости се Конкурентноста во туризмот во услови на променливо опкружување, Развој на осигурувањето во услови на променливо опкружување, Современи трендови во царината и шпедицијата, Современи тенденции во гастрономијата и нутриционизмот и Финансиски услуги во услови на променливо опкружување.

Во рамки на конференцијата предвидено е да се одржи и тркалезна маса на тема: “Научно истражувачки искуства и можности за соработка”.

OhridNews