Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, е добитник на наградата „Алфонсо Форд“, како најдобар стрелец во Евролигата.

Играчот на Монтепаски Сиена, за италијанскиот шампион во елитното натпреварување оваа сезона на 17 натпревари имаше просек од 16,88 поени. Мекејлеб во текот на сезоната, која за Монтепаски заврши во четвртфиналето, во просек ударите за три поени ги реализираше со 52,6 отсто успешност, додека за два поени шутираше со 63,7 отсто. Репрезентативниот плејмејкер секој натпревар го завршувал со двоцифрен број на поени.

Наградата „Алфонсо Форд“ се доделува од 2005 година, Мекејлеб е шестиот играч кој стигнал до неа. Игро Ракочевиќ досега три пати ја освојувал оваа награда (2007, 2009, 2010), а лауреати уште биле Чарлс Смит, Дру Николас и Линас Клиеза.

Мекејлеб наградата ќе ја доби на 12. мај во Истанбул кој е домаќин за на завршниот турнир во Евролигата.

“макфакс“
Ohridnews