Во трилер натпревар исполнет со пресврти, прекини и борба до последните атоми,  Работнички го освои Купот на Македонија совладувајќи го “крвниот“ ривал МЗТ Скопје со 74-69.


До петтиот трофеј во Купот на Македонија, Работнички дојде благодарение на искусниот и вечниот Перо Блажески кој е прогласен за најкорисен играч во завршницата. Блажевски приматот на МВП го доби постигнувајќи 22 поени и седум скокови, вклучувајќи ги и решавачките поени во финишот на мечот.


Во поразениот МЗТ Скопје, најпрецизен беше Пуповиќ со 15 кошеви, Николовски постигна 12 поени и тоа беше премалце да се триумфира над граскиот противник Работнички.

ohridnews