Трофејот од Лигата на шампионите пристигна во британската престолнина Лондон. Финалето во најелитното европско клупско натпреварување ќе се одигра на стадионот “Вембли“.


На церемонијата при предавањето на трофејот, актуелниот првак на Стариот континент – Интер, беше преставуван од Луис Фиго, Франческо Толдо и Ернесто Паолило.


Претседателот на УЕФА Мишел Платини му го предаде трофејот на градоначалникот на Лондон Борис Џонсон. “Многу сум горд да добијам трофејот од голем клуб како Интер и да го предадам на голем град како Лондон”, рече Платини.

Финалето во Лигата на Шампиони се игра на 28 мај, а во трка за место во финалето се Манчестер Јунајтед – Шалке, Барселона – Реал Мадрид.

Ohridnews