Трофејот кој ќе го подигне победникот во Супер купот на Европа пристигна во Скопје, односно во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Куќата на фудбалот на 18 март од 9 до 18 часот ќе го изложи трофејот и сите љубители на фудбалот ќе можат да се сликаат со него.


– Младите и возрасните ѓраѓани на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот„ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот. – рече Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварот во Супер купот на Европа се игра на 8 август, а ќе се сретнат победниците од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.

OhridNews