Фудбалерите на Јувентус го освоија италијанскиот Суперкуп откако во крајно контраверзен меч со 4-2 во продолженијата го совладаа Наполи.
“Бјанконерите“ беа во негатива од 2-1 на полувремето, но успеаа со голот од пенал на Видал да се вратат резултатски во мечот. Во финишот на вториот дел следуваа исклучувања за Пандев, (директен црвен поради приговор), Ѕунига поради втор жолт картон, како и тренерот Мацари поради приговор.
Со автоголот на Маџио и погодокот на Вучиниќ, “црно-белите“стигнаа до триумф од 4-2. Фудбалерите на Наполи, нездоволни од арбитражата за време на мечот, не излегоа да ги примат медалите за второто место и одлучија да не даваат изјави за медиумите.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com