Клупските доктори на Ливорно и Пескара како и докторот во брзата помош ќе бидат обвинети за убиство од небрежност на фудбалерот Пјермарио Морозини, кој почина 2012 година на среде натпревар.
Според италијанскиот суд, кој ги обвини тројцата доктори тие не обезбедиле дефибрилатор, кој би можел да го спаси животот на 21-годишниот фудбалер од Ливорно.
Ниту брзата помош на време не била на местото бидејќи влезот за итни случаи бил блокиран, а неколку мигови потоа била констатирана смрт на младиот фудбалер.
Ohridnews