Д- р Дубравка Бунташеска, д- р Лидија Каратец и д- р Горан Балевски од ЈЗУ Општа болница се меѓу 100- те најдобро рангирани доктори за месец мај оваа година, кои ги исполнуваат соодветните критериуми за наградување според системот за плаќање по успешност.

На листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец мај се и тројца доктори од ЈЗУ Општа болница Струга- д- р Бујар Превала, д- р Славица Мандоска и д- р Златко Лазаревски.

Како што потенцираат од Министерството за здравство кое ја изготвува листата велат дека станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец мај од секундарно и терциерно ниво, кои се движечка сила во своите институции.   

Сите наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Најдобро рангираните доктори ќе имаат право на дополнителна дејност во матичната институција каде работат и во останатите јавни здравствени установи.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месец мај, годинава, бројот на извршени интервенции, типот и видот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.

OhridNews