Три лица загинаа, а две се повредени кога хеликоптер се урнал врз куќа во Јужна Калифорнија само неколку минути по полетувањето. Тамошните медиуми информираат дека куќата е речиси целосно уништена. На објавените снимки се гледа како делови од хеликоптерот штрчат од куќата, а има и парчиња расфрлани по улицата.

Несреќата се случила во Њупорт Бич, а во хеликоптерот Р44 имало четири лица. Сите четворица се меѓу загинатите и повредените. Покрај нив, повредено е и едно лице кое во моментот на несреќата било во близина на куќата.