Тројца млади виолинисти од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид беа дел од европскиот музички камп кој неоддамна се одржа во Белград, во рамките на проектот „Концерт на 100 млади“.

Се работи за европски партнерски проект на млади музичари од различни европски држави и тоа Блед-Словенија, Тамсвег-Австрија, Десензано дел Гарда-Италија, Белград-Србија и Охрид-Македонија.

Инаку, Охрид стана дел од европскиот партнерски музички проект „Концерт на 100 млади“, по  зачленувањето на општината во Европската мрежа на градови со езера во Исео- Италија.

OhridNews