Со помош на Агенцијата за вработување на Република Македонија, тројца охриѓани, успеале да земат поволни кредити и да започнат сопствен бизнис.
Според списоците на одобрени бизнис планови објавени во септември 2014 година, може да се види дека еден од апликантите е дел од програмата за „Самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години“ и му се одобрени 7.000 евра, а на останатите двајца им се одобрени по 3.000 евра во рамки на програмата „Самовработување со кредитирање“.
Овие кредити се дел од Активните политики за вработување што Министерството за труд и социјална политика ги спроведува преку Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Според условите на јавните огласи кои биле објавени во рамки на Програмата за „Самовработување со кредитирање“ можеле да аплицираат сите заинтересираните невработени лица, кои се активни баратели на работа и коишто сакаат да започнат сопствен бизнис со поволен кредит. За програмата „Самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години“ можеле да се пријават заинтересираните невработени лица до 29 години, активни братели на работа, коишто сакаат да да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности и слично.
OhridNews