Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што денеска во 14 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Климештани.

Повредените се пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“, и според последнмите информации се наоѓаат вон животна опасност.

Во несреќата учествувале патничко возило „Југо“ со кичевски регистарски таблики и „Фолксваген“ со гостиварска регистрација.

Увид на местото на настанот вршат елкипи на сообраќајната полиција и истражен судија, а според првичните наоди на истрагата причина за незгодата била неприлагодена брзина кон условите на патот и влажниот коловоз.

OhridNews