Тројца професори од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се стекнаа со благодарници и признанија доделени од Балканската асоцијација на хотелиери – БАХА за успешна соработка и постигнати резултати во секторот на услужни дејности и менаџирање.

Позлатена инсигнија и благодарница со ликот на учителот „Св. Наум“ и логото на БАХА му беше врачена на деканот на ФТУ – Охрид, проф. д-р Сашо Коруновски.

Воедно на состанокот во Софија од пред 2 недели, БАХА доенесе одлука да додели благодарница за добрата соработка помеѓу индустријата  и секторот на услужни дејности,  како и стопанството со Универзитетот, со која сме постигнале подобри резултати користејќи ги искуствата на научните работници.“  – истакна претседателот на ХОТАМ и дел од БАХА, Дончо Танески, на XII Меѓународна научна конференција за услужен сектор.

Деканот на ФТУ  – Охрид, проф. д-р Сашo Коруноски изрази благодарност, потенцирајќи дека Факутлетот за туризам и угостелство е еден од столбовите за развој на услужниот сектор.

Ова е секако е знак дека она што претходно било како соработка, продолжува и понатаму и секако дека Факултетот е еден од столбовите за развој на овој сектор.“ – истакна Коруноски.

Со признание и златен грош се стекна професор д-р Ангела Василевска, како награда за успехот посгитнат во делот на едукација на менаџментот.

Една од најстарите институции на балканските простори за едукација на ваков кадар е токму Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Поради активностите, посебно во делот на едукација на менаџментот доделуваме признание на проф. д-р Ангела Василевска, која покажала ислучителен напор и инвентивност.“ – потеницира Танески.

Благодарница му беше доделена и на продеканот за настава, проф. д-р Цветко Андреевски, за напорите вложени во практичната настава.

Инаку, денеска во просториите при Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (ФТУ) завршува традиционалната XII Меѓународна научна конференција за услужен сектор.

O.T.