Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во својот Кабинет прими тројца студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во придружба на проф. д-р. Братислав Станковиќ, советник за наука и технологија на Претседателот Иванов.

Студентите Абдулах Алиоски, Рахим Исламоски и Ертај Шашко се по втор пат победници на главната награда на WOWZAPP 2012, натпревар организиран од Мицрософт. Тројцата студенти се креатори на игра за најновиот оперативен систем на Мајкрософт, Windows 8. Играта исто така ја развиваат и за Windows Phone платформата на Мајкрософт.

На средбата со Претседателот тие разговараа за нивните победи и достигнивања, за предностите и недостатоците во едукативниот систем, и за тоа како и колку иновациите може да и помогнат на нашата држава.

Претседателот Иванов во текот на разговорот ја изрази својата поддршка при развојот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во светски реномиран истражувачки центар.

OhridNews