Тројца ученици од ОУ „Кoчо Рацин“ Охрид обезбедија учество на Државниот натпревар по физика, кој на крајот од месецов ќе се одржи на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Теона Никоска, Ивана Сиљаноска и Виктор Стојаноски на Регионалниот натпревар по физика организиран од страна на Друштвото на физичари на Република Македонија, предводени од менторот Силвана Крсетска, освоија втори и трети награди.

Инаку, ученичката Никоска на неоддамна одржаниот Регионален натпревар по математика беше прворангирана и заедно со професорката Крстеска, овој викенд учествува на Државниот натпревар по математика.

OhridNews