
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во март 2013, во однос на февруари 2013, пораст на индексите е забележан во групите: Здравје за 2.2%, Транспорт за 0.7%, Ресторани и хотели за 0.3%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.2%, Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива 1.0%, Облека и обувки за 0.7% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.3%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Комуникации и Образование.












