Индексот на трошоците на живот, којшто е клучен показател за движењето на инфлацијата, во март се зголемил за 1,4% во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Ова е четврти месец последователно во кој инфлацијата во Македонија бележи намалување на годишно ниво. Претходно во февруари, таа изнесуваше 2,9%, во јануари беше 3,4%, а лани во декември 3,9%.

Индексот на цените на мало во март 2012 година, во споредба со март 2011 година, бележи пораст од 2,7%. Гледано на месечно ниво, индексот на цените на мало пораснал за 0,7%, а индексот на трошоци на живот се зголемил за 0,4%.
Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на јајцата, овошјето, мастите, кондиторските производи, месото и алкохолните пијалаци, преработките од риба, рибата, свежото и киселото млеко и млечните производи.

Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај превозот на патници со воз за 50,9%, нафтените деривати за 5,1%, превозот на патници со авион за 4,3%, течните горива и гасот за 3,8%, централното греење за 1,4%.

OhridNews