
“Се трудиме да бидеме коректни кон корисниците на вода, иако тие се наши должници. По опомената и останатите законски предвидени мерки, доколку не се реализира наплатата, должни сме да им ја прекинеме водоводната линија”, вели Трпчевски. Сепак, според него, на должниците им се нуди плаќање на рати на долгот, и тоа според нивните можности.
Во Меѓуопштинското јавно претпријатие ” Проаква ” секојдневно се исклучуваат по 15-тина корисници на вода. “Оваа акција е наше секојдневие и се реализира континуирано, во текот на целата година”, додава Трпчевски.
Ohridnews












