Нова книга во издание на охридската Библиотека од академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов „Трпе и Трпана“, хумор и забава.

Единствено живо битие на Земјата што може да се смее е човекот. Како што секоја клетка во човечкиот организам има своја функција, така е важна и улогата на насмевката. Секому му е потребна насмевката, без разлика на карактерот, на верата, на расата, на годините или на животната средина. Не само што го освежува нашиот живот, туку поттикнува низа позитивни процеси во нашиот организам што нè прават поотпорни на разни болести, вели авторот, академик Миле Миќуновиќ.

Целта на оваа моја 115 книга не е омаловажување ниту навредување на конкретни личности туку исклучиво хумор и забава. Се продолжува историјата на македонскиот хумор, оставајќи трајна трага за оваа сфера од општествениот живот. Најголемата добивка од смеењето е на психичката и на емоционалната сфера, заклучува д-р Миќуновиќ.

OhridNews