Во селото Трпејца денеска започнаа градежните зафати за изградба на повеќенаменско игралиште. Стручни екипи од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, извршија мерења на просторот каде што треба да се гради игралиштето, по што следи уредување на теренот со механизација.
Како што информираа од општина Охрид, градежните зафати ги изведува ЈП „Градски гробишта“ и истите се очекува да финишира до крајот на оваа година.
Средствата за изградба на игралиштето се обезбедени од Буџетот на општина Охрид, како дел од проектот за изградба на повеќенаменски игралишта во урбаните и месните заедници.
OhridNews