
Како што информираат од Противпожарната служба биле опожарени 5000 метри квадратни, а според првичните податоци најверојатно станува збор за подметнат пожар. Во гаснењето било интервенирано со две возила и седум пожарникари.
Само пред неколку дена беше опожарена и трската кај „Андон Дуков“ , при што беа ангажирани и полициски екипи со цел да се откријат лицата кои го подметнале пожарот.
OhridNews











