СВР Охрид поднесе кривична пријава 62-годишен тетовчанец, против правно лице со седиште во Тетово и управителот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
При сообраќајна контрола извршена на 12.06.2022 година, полициски службеници го затекнале пријавениот. кој, со такси возило сопственост на правното лице и управителот, врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.-соопшти СВР Охрид.












