Трудница почина во понеделник попладне на Гинеколошко-акушерското одделение на болницата во Штип, jaвува „Макфакс. 

Бремената жена била примена во болница во неделата со симптоми на труење, но по интервенцијата била пратена дома. Утрово ситуацијата и се влошила и била вратена во болница, на Гинеколошко-акушерското одделение. Таму лекарите утврдиле дека се наоѓа во животна опасност и направиле обид да ја спасат, но безуспешно. Неуспешен бил и обидот да го спасат бебето, кое исто починало.

Телото на починатата трудница е пратено на обдукција, по што ќе се знаат точните причини за смртта.

Детали за овој несреќен случај се најавени за вторник.

OhridNews
извор: „Макфакс“