Министерството за труд и социјална политика соопшти дека инспекторите од областа на работните односи во Охрид извршиле 279 редовни контроли при што биле затекнати 78 лица без договор за работа и издадени 56 решенија за забрана за работа. Кај 24 работодавачи затекнати се 63 лица за кои работодавачите не ја поседувале потребната документација во работните простории и притоа се задолжени по нивното комплетирање да ја достават во подрачната единица на Државниот инспекторат.

Инспекторите од областа за безбедност и здравје при работа во  Охрид извршиле 37 редовни надзори и издадале 13 решенија со наредба за отстранување на констатирани недостатоци.

Ohridnews