Два случаи во само два дена се регистрирани во Охрид. Утрово отруено е куче во населбата Лескајца, во близина на основното училиште и градинката.

Беспомошното животно кое умирало во најголеми болки нстрадало од несовесен граѓанин кој фрлив силен отров во парче леб. Дозата била фатална, поради што љубителите на животни кои пристигнале на местото на настанот по пријава од граѓани не можеле ништо да сторат.

Случајот бил пријавен во полицијата која излегла на местото на настанот, но службениците се прогласиле за ненадлежни да го истражат случајот, и покрај тоа што се работни за дело кое е казниво по закон. Дополнително, во опасност се доведени други животни и домашни миленици, но и на луѓето, посочува Климент Арнаудов, волонтер и граѓански активист.

Труењето на животни, иако е крајно нехуман и нецивилизиран чин, е честа појава и во Охрид, што се должи на индолентниот однос на надлежните институции кон прашањето на заштита на животните, што инаку е нивна законска обврска. Бројот на бздомни кучиња во општината и натаму е голем, а во сезоната на парење чести се инцидентите во кои тие напаѓаат луѓе. Како по непишано правило потоа следи нивно труење. Иако надлежните постојано ветуваат решавање на ова прашање и изградба на соодветен стационар за животни со што ќе се овозможи хуман третман на истите со кастрација, стерилизација и чипирање, со што ќе се зголеми безбедноста на граѓаните, од тоа засега се уште нема ништо.

OhridNews