Неодамна со одобрение на локалната самоуправа, овластена фирма  пресече неколку дрвја покрај реката Грашница на улицата „Ариф Мустафа“.


Како што информираше локалната самоуправа, дрвјата биле исечени поради чистење, проширување и уредување на коритото на реката Грашница. Но и покрај тоа што од сечењето на дрвјата помина речиси еден месец, просторот кај Грашница сеуште не е расчистен. Однесени се само трупците кои можат да се обработат за понатамошна употреба, додека гранките и другиот отпад и натаму стои покрај реката, реагираат граѓаните.


Трупците ги собраа, гранките останаа

Инаку, со изградбата на коритото на Грашница, ќе се спречат поплавите кои се случуваат во тој дел од течението на реката. Исто така ќе се исклучат дивите приклучоци од фекалната канализација кои ја загадуваат реката, со што ќе се заштити од загадување и Охридското Езеро.

OhridNews