
Според Цаноски на неделните избори во Струга биле регистрирани случаи други да гласаат за лица кои се на привремена работа во странство и дека на околу 1.000 неговите гласачи им се заканувале да не излегуваат на избори, а во нивно име гласале други. Цаноски посочи дека на избирачкиот список имало исти потписи за повеќе гласачи и дека разликата во гласови од парламентарните избори е за 40 отсто поголема.
По одбивањето на 26-те приговори во ДИК, Цаноски најави жалба до Управниот суд. Тој најави и дека ќе поднесе кривични пријави до челновите на избирачките одбори и претседателот на ОИК – Струга за изборни нерегуларности и до неговиот противкандидат Рамиз Мерко за клевета.












