Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, фалсификати, прехранбени продукти, облека, бандажи и разни производи за домаќинство.

Меѓу стоката за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост се и 10 мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, пронајдени при контрола на седум  поштенски пратки, од кои три пратки од Шведска, две од Швајцарија и две пратки од Сингапур. Телефоните биле наменети за различни примачи-физички лица од Охрид, Битола, Делчево, Скопје, Струмица.

Стоката за која постои сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост привремено е задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост.

OhridNews