
Како што се наведува во информацијата, царининскиот службеник од царинската испостава Свети Наум бил затекнат како
спие на работното место и бил и под дејство на алкохол. По извршената
анализа на крвта, кај него било утврдено присуство на алкохол од 2,56 промили.
Отказ заработија и двајца царински службеници од царинска испостава Деве Баир поради непрофесионално однесување и поголемо задржување на товарно возило на граничниот премин.












