
Предмет на дискусии и размена на искуства на оваа работилница ќе бидат стратешките приоритети за членство во ЕУ, спроведување на ЕУ стандарди во клучните домени на царинското работење како што е царинска контрола на ниво на ЕЗ и усогласување со европското законодавство во поглавјето Царинска унија, како и исполнување на предусловот за пристапување кон овие Конвенции, т.е. барањата поврзани со постапката за заеднички транзит, развој на автоматски транзитен систем компатибилен со Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС), информираат од Царинската управа.
На работилницата учество ќе земат претставници од земјите членки на ЕУ, земји кандидати и потенцијалните земји кандидати, како и претставници од царинските служби на повеќе држави од Европа.
Царинските службеници од регионот и ЕУ на собир во Св. Наум
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











