Целодневната забава на пладне ќе ја отворат познатиот водител Жанко З’ш Голабоски и распеаните рибарчиња, а свој настап ќе имаат и младите уметници од охридските училишта. Нив ќе ги поздрави Дедо Мраз кој и оваа година подготвува изненадувања за најмладите.
Загревањето за дочекот на Новата година вечерта ќе започне со Боби Мојсоски, Дејан Спасиќ и други млади музички надежи од Охрид. На сцена потоа стапуваат Кербер, Денис Мурат, Аренси бенд, Ѓоко Танески и Влатко Илиевски.
Надлежните информираа дека за ангажман на естрадните уметници Локалната самоуправа ќе издвои околу 2500 евра, а дел од изведувачите ги обезбедува директорот на фестивалот „Охридски трубадури“ како дел од соработката со градот.
Новата 2012 година ќе биде дочекана со голем огномет над Охридското Езеро.