Денeска во два наврати, во целосен прекин ќе биде сообраќајот на граничниот премин Меџитлија – Ники и граничниот премин „Дојрани“ кон Грција поради штрајк на грчките земјоделци.

Според известувањето добиено од МВР, денеска во периодот од 11 до 13 часот, и од 18 до 20 часот поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини и трактори во близина на Граничен премин „Ники“ и граничен премин „Дојрани“ Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.

Грчките земјоделци и минатата недела неколкупати го затвораа граничниот премин со Македонија.

OhridNews

Извор:„Макфакс“