Екипата на Цементарница, во официјалниот записник од мечот со Беласица (1-0) пријави обид за поткуп на четворица свои фудбалери. Обидот како што велат тие бил направен преку телефон, а е пријавен и во полиција.

Најпрво ми се јавија мене уште за време на викендот, но на таа тема воопшто не разговарав и го прекинав разговорот. Понудувачите се преселиле кај играчите, кои вчера пред натпреварот ме известија за ваквите активности. Ги имаме броевите од кои ни се јавуваа – вели во изјава за “Дневник“ првиот човек на Цементарница, Драган Томовски.

Според цементарците понудата за да го пуштат мечот се движела од една до две илјади евра. Вакви изјави имаше и во предминатото коло кога тогаш секретарот на струшки Влазними Бектеши, изјави па се повлече, дека струмичани барале од нив да им го пуштат мечот.

OhridNews