За време на натпреварот Македонија- Камерун одигран на 09.02.2011 беше направена Анкета, која ја пополнија околу 200 испитаници -гледачи на Националната Арена Филип II во Скопје.



Од избраниците 78% биле машки, додека 22% биле припаднички на понежниот пол. Најголем процент 42% од присутните на стадионот биле на возраст од  21 до 30 години.


За мечот најмногу 34% се информирале преку ТВ, 26% разбрале од пријателите, додека 20 % дознале преку социјалната мрежа Facebook.


51% од избраниците сметаат дека цената на билетот била висока, а до неа преку 90 % стигнале лесно и без проблеми.


Ohridnews