Наспроти очекувањата на вчерашниот состанок Регулаторната комисија за енергетика не донесе одлука за евентуална корекција на цената на електичната енергија.

Иако според најавите се очекуваше Регулаторна да соопшти дали според прикажаните трошоци на работење на производителите и дистрибутерите на елекстична енергија, треба да има корекција на цената на струјата, таа најави дека за тоа ќе одлучи откако уште еднаш ќе го разгледа барањето на ЕВН. Австриската компанија уште во февруари побара поскапување на електричната енергија за 8 проценти, наспроти оптимистичките најави на регулаторот дека е можно поевтинување на струјата.

Едно е сигурно цената на електричната енергија ќе претрпи корекција наскоро, прашање е само нагоре или надолу.

Ohridnews