Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на трговијата на мало оцениле дека цените во наредните три месеци ќе растат, како и дека куповната моќ на населението опаѓа. Кон ова се надоврзува податокот дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од 2012 година е зголемена во однос на првото тримесечје од 2012 година.
Со оглед на тоа дека горивата и електричната енергија поскапеа, многу е веројатно дека наскоро ќе уследи нагорна корекција на цените на прехрамбените и другите производи за широка потрошувачка.