Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво, а повисоки за 0.6% на годишно ниво.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 0.5%, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%, додека во групата трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7.1%, трајни производи за широка потрошувачка за 3.4%, енергија за 1.7% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5%.

OhridNews