Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1 м2 станбена површина во 2012 изнесува 49 941 денари, што е за 0.4% помалку во однос на 2011.

Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесува 58 687 денари што е за 0.5% помалку во споредба со 2011 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесува 43 328 денари, што е за 4.9% повеќе во споредба со 2011.

Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2012, таа е намалена за 5.4% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето е за 5.8%.

Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.

OhridNews