Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2013 година, во споредба со февруари 2013 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Храна за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.5%, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 0.2%.

OhridNews