Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во октомври во однос на септември годинава се непроменети. Зголемување е забележано само кај алкохолните пијалаци и тоа за 0.1%.Споредено со октомври минатата година, цените на угостителските услуги бележат намалување за 1,1 процент.
Во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период од минатата година, статистика бележи нивно намалување за 0,8 проценти, а во однос на декември 2010 за 1,2 проценти.












