Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во споредба со јуни 2014 година, е зголемен за 0.6%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 1.3%, Безалкохолни пијалаци за 0.2% и Ноќевања за 1.6%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.1%.

OhridNews