
Охридските бродари се изненадени и од одлуката на Минситерството за транспорт и врски да потпише договор со реномираната компанија “Биро Веритас“, бидејќи, како што велат, министарот за транспорт на средбата што ја одржале пред два и пол месеци им дал друго ветување.

Брродарите својот став го изнеле пред овластениот раководител на Капетанијата кој ќе треба до го пренесе на Министерот за транспорт. Од одговорот кој бродарите очекуваат да го добијат најдоцна до утре ќе зависат и нивните следни чекори, а не се исклучува можноста доколку не бидат прифатени забелешките дел од бродарите да ги закотват пловилата заради неможност да го платат техничкиот преглед.

„Биро Веритас“ е меѓународна групација која е специјализирана во областа на инспектирање, анализа и сертифицирање на производи и инфраструктурни објекти. Групацијата е формирана е во 1828 во Белгија, а до сега е присутна во 140 држави преку мрежа од 900 филијали, со повеќе од 39.000 вработени и 370.000 клиенти.
До сега контролта на пловните објекти во Македонија ги вршеше германски „Лојд“ кој по покренувањето на обвинителен акт протин нејзиниот овластен претставник за случајот со потонувањето на бродот „Илинден“, се повлече од земјава.












