Центарот за јавно здравје од Охрид им излегува во пресрет на повозрасни болни и немоќни пациенти кои во студените денови имаат потреба од микробиолошки анализи, а не се во можнoст да се јават во лабораториите на центарот.

-Во овие снежни и студени зимски денови, доколку имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, а сте на возраст над 60 години и не сте во можност да дојдете во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид, нашите мобилни тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните услуги и ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа. – информира Центарот за јавно здравје.

Пациентите треба да се најават на телефоните на центарот: 046 231-031 или 072 251-948, најдоцна до 13:00 ч. да дадат податоци за нивната адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно издадениот упат од матичен лекар.

OhridNews