Пет години по покренувањето на иницијативата за формирање Центар за спасување на вода во Охрид од страна на општинската организација на Црвениот крст надлежните институции на централно и локално ниво никако да го реализираат проектот кој е од исклучителна важност за безбедноста и развој на туризмот.

Во меѓувреме Црвениот крст опремува брод амбуланта кој ќе интервенира на плажите и езерото за време на туристичката сезона. „На тој начин, ќе може брзо да им се помогне на луѓето на плажите  со оглед на сообраќајниот метеж што владее на патиштата во летната туристичка сезона“, вели претседателот на охридскиот црвен крст Д-р Сашо Точков, кој гостува во новото издание на емисијата „Охридски разговори“.

OhridNews