Летниот режим на сообраќај кој предвидуваше ограничувања и целосни забрани за движење на моторни возила на одредени улици и делови во централното градско подрачје во Охрид, заврши.

Од денеска се вози по „Кеј Македонија“ кој летово целосно беше затворен за сообраќај, а се укинуваат и забраните и ограничувањата во стариот дел на Охрид на улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Илинденска“.

Инаку градот Охрид се уште нема изработено соодветна стручна сообраќајна студија, а летниот сообраќаен режим го утврдуваат соодветните служби на локалната самоуправа.

OhridNews