Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ ги разубавија канделабрите во центарот на градот поставувајќи сто нови саксии со украсно цвеќе од видот сурфинија.

Со ова цветно уредување се опфатени локациите кај градскиот плоштад, околу споменикот „Св. Климент Охридски“, градскиот кеј на потегот од градското пристаниште до х.Палас и охридската чаршија на потегот од плоштадот до трговскиот центар „АМАМ“.

OhridNews