Како што потенцира неодамна градоначалникот Цветомир Угриноски, целта на локалната самоуправа е постојано да се внесуваат новини кои Вевчани ќе го направат што попривлечно место за посета на домашните и странски гости.
Неодамна беше извршена и реконструкција на дрвените клупи и просторот кај Вевчанските извори, а најавена е и изградба на патеки и осветлување до пештерите над изворите.