
Тој ќе биде лоциран во Горица на приватен имот, кој неодамна им беше вратен на сопствениците со денационализација.Тука е поставена барака во која ќе биде сместен оперативниот центар кој ќе координира со сите активности на спасителите на вода и медицинските тимови.
Од Црвен крст се надеваат дека оттука ќе може да се опслужуваат спасителните чамци и бродот амбуланта, кој беше ставен во функција минатата година.











