-Отпадот кој што се создава при работењето на центарот се дезинфицира и се пакува во специјални кеси и таков се одлага во контејнерите како комунален отпад.-истакна Михаилов.
Медицинскиот отпад го дезинфицираме тврди Михаилов
Тој тврди дека таквиот отпад некој со интенција сака да го прикаже како несоодветно складиран медицински со цел да се наруши угледот на оваа здравствена установа, која, како што рече, е една од ретките кои што години наназад на овој начин безбедно го третираат опасниот отпад. Поради ова, Центарот за јавно здравје бара јавно извинување од Ј.П. „Охридски Комуналец“ во спротивно, најавуваат поднесување на соодветни пријави.
Центарот за јавно здравја бара извинување од „Комуналец“
Од Центарот за јазвно здравје излегоа и со контра обвинувања дека, наводно, вработените во јавното комунално претпријатие кои работат на подигање на комуналниот отпад од 2007 година не се вакцинирани од страна на овластена институција, иако на тоа се обврзани со закон.
Отпадот што беше пронајден во контејнери за комунален отпад
Од јавото комунално претпријатие одговор на изнесените обвинувања од Центарот за јавно здравје најавија утре на прес конференција. Денеска оттаму само кусо информираа дека изнесените ставови на Центарот за јавно здравје се невистинити, затоа што медицинскиот отпад, дури и да е дезинфициран и соодветно спакуван треба да се одлага во специјални контејнери кои се наоѓаат во кругот на општата болница, а не во контејнерите за комунален отпад.