Со вработување на режисери, актери и драматурзи, Центарот за култура „Григор Прличев” ќе ја подобри екипираноста на стручниот кадар за потребите на охридскиот Народен театар.

Според Јавниот оглас кој е објавен вчера, оваа јавна установа на неопределено работно време ќе вработи двајца актери, со полно работно време од 40 часа неделно. Кандидатите за ова работно место покрај општите услови утврдени со законот, треба да имаат завршено Факултет за драмски уметности, насока актерска игра, а може да се со или без работно искуство.

Исто така на огласот се бараат и двајца режисери неопределено време, со полно работно време од 40 часа неделно. Кандидатите за оваа позиција покрај општите законски услови, треба да имаат Висока стручна подготовка од областа на драмските уметности, насока театарска режија, работно искуство на најмалку три проекти од театарска режија и да познаваат најмалку еден од светските јазици.

Со овој јавен оглас ќе бидат вработени и двајца драматурзи на неопределено време, со полно работно време од 40 часа неделно. Кандидатите за оваа позиција покрај општите услови, треба да имаат Висока стручна подготовка од областа на драмските уметности, насока драматургија или филолошки факултет и најмалку три години работно искуство во областа.

По завршувањето на јавниот оглас, кој е отворен до 15-ти декември 2014 година, ќе се спороведе интервју на пријавените кандидати, а изборот ќе се изврши во рок од 5 работни дена по спроведеното интервју, аудиција, согласно Законот за работни односи и правните акти на Центарот.

OhridNews